Teшка гpyпа за Maкедониja на Евpoпcкото пpвенcтво: Ha мегдан одново со Данcка

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година.

Кирил Лазаров и останатите момци се најдоа во групата А, каде ќе играат против Словенија, Данска и Црна Гора, а град домаќин на нашата група ќе биде Дебрецин.

ЕП ќе се одржи во две земји, Унгарија и Словачка од 13. до 30. јануари следната година. Според системот за натпреварување само првите две репрезентации од секоја група одат во следната рунда. Бранител на титулата е селекцијата на Шпанија.

Група А: Словенија, Данска, Македонија, Црна Гора (град – Дебрецин)

Група Б: Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија (град – Будимпеша)

Група Ц: Хрватска, Србија, Франција, Украина (град – Сегедин)

Група Д: Германија, Австрија, Белорусија, Полска (град – Братислава)

Група Е: Шпанија, Шведска, Чешка, БиХ (град – Братислава)

Група Ф: Норвешка, Русија, Словачка, Литванија, (град – Кошице).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.