Teковни активности во ООУ “Блаже Конески” – Прилеп за новата учебна година

Од ООУ “Блаже Конески” не информираа за тековните активности и подготовки за новата учебна година во централното училиште и подрачното училиште во населбата “Варош”.

2016-07-22-11223

Во централното училиште: Училиштето е темелно исчистено.
Се реконструираат две училници за потребите од наставата. Просторијата по ФЗО, се адаптира за потребите на најмалите- првачињата, за успешен почеток на учебната година 2016/2017 год, а пак просторијата од првачињата се адаптира во просторија за по ФЗО, за да учениците имаат полесен пристап до балон салата и тековно да се обезбедуваат термини за реализација на часови по ФЗО.
Понатаму, се обработуваат зидовите со абрип и гипс картон, за да се покрие фасадната цигла во ходникот на приземје, затоа што истата е тешка за одржување и во значителна мера ќе се подобрат хигиенските и техничките услови во училиштето. Проектот е на ЈП за ПУП- при Локалната Самоуправа на општина Прилеп, а проектот училиштето го работи од сопствени средства.
Се заменуваат светилките во паркот и ќе се наместат рефлектори дадени на користење од Секторот за енергетска ефикасност при Локалната Самоуправа на општина Прилеп, за да се осветли просторот околу балон салата и училиштето.
Аплицирано е со проект за обнова на фасадата и партерно уредување на дворот во централното училиште, за средства од Секторот за финансии при Локалната Самоуправа на општина Прилеп.

2016-07-22-11222

2016-07-22-11210

2016-07-22-11218

2016-07-22-11221

Во подрачното училиште во најстарата градска населба Варош: Се местат компјутери и цела опрема во сите училници, добиени од МОН, преку Проектот “Компјутер за секое дете”, за да учениците имаат еднакви можности за учење и надградба на нивните знаења. Секоја училница има инсталирана комјутерска инсталација.

2016-07-18-11192

2016-07-18-11193

Се очекува реализација на проектот за Партерно уредување на дворот во училиштето во Варош, кое беше реконструирано и каде беше наместено централно парно греење на течно гориво во 2013 год – средства од Локалната Самоуправа на општина Прилеп, во висина од 2.000 000 денари.

Проектот е изработен од ЈП за ПУП и поддржан исклучиво од градоначалникот на општина Прилеп г-н Марјан Ристески.

Се очекуваат согласностите до реализација на инфраструктурните зафати во двете училишта.

2016-07-18-11197

2016-07-18-11189




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.