Синоќа во времето од 20,00 до 02,00 часот во Прилеп на улицата „Пере Темелковски“ во куќа сопственост на 47-годишниот Д.Н. од страна на непознати лица насилно било влезено внатре.
Крадците притоа одзеле 10.000 евра и еден пиштол марка „Чешка Зброевка“ со 15 куршуми.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.