Арапските демонстранти ја нападнале американската делегација која во четвртокот го посетила палестинскиот град Рамалах, поради одлуката на САД да го признаат Ерусалим како престолнина на Израел. Демонстрантите ги гаѓале Американците со јајца и се обиделе да ги нападнат членовите на делегацијата која во мини бус со помош на полицијата побегнале од местото на инцидентот.
Извикувајќи слогани против одлуката на САД и претседателот Доналд Трамп, протестантите носеле и транспаренти со пораки “САД се дел од проблемот, не решение” и “Ерусалим е главен град на Палестина”.