Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „ Љубовни пози на историјата (,,Figurae, veneris, historiae“ ) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, ќе учествува на 15 издание на Меѓународниот фестивал на глумци што од 26 ноември до 2 декември 2018 се одржува во Никшиќ.
Настапот на театарот е на 29 ноември, а публиката ќе има можност да ја проследи одличната претстава која отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста.
Претставата „Figurae Veneris Historiae“, во која играат Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска , Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска , Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Илија Волчески, Ангела Наумоска и Михајло Миленкоски, јасно покажува дека војната менува сѐ, тргнува во неочекувани правци, ги трансформира луѓето, ги прави ѕверови, непрепознатливи, различни од порано. Но колку и да изгледа парадоксално, вистинската сила која го придвижува дејството во оваа претстава не произлегува од суровоста и страдањето, туку од љубовта и силните емоции.
Повеќе за претставата на http://figuraeveneris.wixsite.com/historiae
Подетално за фестивалот на глумци во Никшиќ
http://niksickopozoriste.me/index.php/aktuelnosti/503-xv-medunarodni-festival-glumca-obiljezice-novembarski-repertoar