TEШКО ЌЕ ПОМИНЕ И ВО ГРЦИЈА: Околу 70% од Грците против договорот со Македонија – резултати од најнова анкета во Грција

Oткако Грција и Македонија се договорија и го потпишаа договорот за новото име на нашата држава, нова анкета покажува дека околу 70 % од Грците се против тој договор – објави грчкиот портал “greece.greekreporter”.

Според резултатите од анкетата, 68,3 % од испитаниците се против договорот.

Речиси половина (49%) од гласачите на Сириза велат дека исто така се против овој договор.

Околу, 73,2 % се противат на било каков договор кој го вклучува името “Македонија” во новото име со нашата земја.

Според истата анкета, опозициската Нова Демократија го зголеми своето водство во однос на Сириза, споредено со 3 месеци порано.

Конзервативната опозиција води со 14,4 %, додека во Март таа предност изнесувала 10,3 %.

Анкетата покажува и дека поддршката на Сириза во областа Македонија исто така опаѓа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.