Фејсбук статус на Цветанка Иљазова
“Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ треба да одговори за неговото влијание при вработувањето Марија Десанова.
Марија Десанова му е долгогодишна девојка а со која живее во вонбрачна заедница, во заеднички стан во Џеваир скај сити, кој умислено го купиле на име на Марија.
Имено, Костадинов и должи одговор на Македонската јавност дали е точно дека неговата девојка била ангажирана во 1тв кај Боки 13 од самото отварање на телевизијата, односно некаде околу месец април 2018 година?
Дали е точно, дека за да не се открие поврзаноста на Костадинов со Мегународен сојуз и Боки, таа на 07.07.2018 година експресно е вработена во Америт Скопје, каде работи до 30.06.2019 година?
Понатаму, дали е точно дека без ниту еден ден прекин на вработуваењето истата на 01.07.2019 година е вработена во ТАВ Македонија каде работи до ден денес? Од кои причини?
За Костадинов е веке познато дека во 2018 година ја вработи својата мајка Фанија Костадинова во Централен регистар, која поради притисок од јавноста си поднесе оставка а истовремено во Општа болница Струмица ја вработи и неговата тетка Александра Костова (сестра на мајка му) каде работи до денес”.