Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа која утринава околу 8:30 часот се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу два километри до Стража.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски за Курир информира дека во несреќата учествувале се три товарни моторни возила (комбиња)
-„Ивеко“ со прилепски регистарски ознаки управувано од 46-годишниот Р.Б. од Прилеп, „фиат“ со скопски ознаки што го управувал 39-годишниот скопјанец Ц.М. и „пежо“, исто така, со скопски регистарски ознаки управувано од 38-годишниот скопјанец И.А. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на „пежото“ И.А., кој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, истакнува Јосифоски.
На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Поради сообраќајната несреќа од 9 до 10 часот сообраќајот бил во прекин во двете насоки.