На 18.09.2018 година во 11,30 часот било пријавено дека во Прилеп на улица „Кеј 9-ти Септември“ товарно моторно возило „Форд Транзит“ со прилепски регистерски ознаки управувано од Т.Л.(56) од Варош, удрило во пешакот В.П.(67) од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.П. на која и била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп.
Извршен е увид на местото на настанот.