Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 20часот на улицата “Браќа Миладиновци” во Прилеп, во непосредна близина на црквата Св. Петка.
Според неофицијални информации, автомобил удрил во две ученички, кои во не можност да се движат на тротоар од паркирани автомобили, се движеле на коловозот.
Според очевидци, едното од девојчињата поминало со потешки повреди. Полицијата извршила увид на лице место и се работи на утврдување на точните причини за несреќата.
Граѓаните кои биле во непосредна близина велат дека речиси е невозможно пешаците да се движат по тротоарите на оваа улица, затоа што постојано овие површини се узурпирани од паркирани автомобили.
Повеќе информации во текот на утрешниот ден!