На 17.11.2023 во 21.44 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола без знаци на живот била донесена В.К.(34) од Битола. Лекар констатирал смрт без видливи траги нанасилство, а полициски службеници од СВР Битола извршиле увид.
По наредба на јавен обвинител од ОЈО Битола телото на починатата било дадено на обдукција – информираат од СВР Битола.