Taтко кој загyби три деца во земjoтpecoт во Турција: Станавме жpтви на сопствената алчност, Господ не’ потсети дека е сопственик на имотот

Осман Демирел, кој загуби три деца во земјотресот во центарот на Караманмарас, вели дека алчноста на луѓето ги зголемила размерите на катастрофата во Турција.

-Станавме жртви на нашата алчност, нагласи тој.

Во земјотресот, што се случи во Караманмарас на 6 февруари, беше уништена шесткатницата на Хисар.

Осман Демирел, кој живеел во таа зграда, ја избегнал трагичната судбина на семејството бидејќи бил на работа, додека неговите три деца го загубиле животот. Сопругата на Демирел преживеала со повреди.

Објаснувајќи ја големата болка што ја доживеал, Осман Демирел рече дека луѓето се одговорни за овој земјотрес.

-Побаравме илјадници лири за куќи кои не вредат толку. Затоа станавме жртви на нашата неблагодарност и алчност, изјави разочараниот татко.

На крајот рече дека „Господ не’ потсети дека е сопственик на имотот“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.