Taнцовата група “NEW GENERATION” од Прилеп со полни раце медали од Ниш

“BDU – Balkan Dance Unity” се одржува секоја година во Ниш Србија, каде настапуваат најдобрите денс групи на Балканот. Оваа година имаше повеќе од 20 групи каде учество зедоа и од прилепската група “New Generation”. Нашата група учествуваше во повеќе категории, а најдобри беа во Street Dance (улично танцување), потоа во Хип-Хоп и Teхно денс, категории во кои освоија прво место во “2 group formation”.

Поединечно освоени се следниве награди:

Прво место во “4 соло” освоија Ивана Богојевска и Нела Дамческа.

Дарко Нешкоски и Андреа Пупунческа беа прво место во дуо.

Александра Стојаноска и Габриела Илиоска второ место во “group formation”

Mила Игеска беше втора во “street dance”, a Aлександра Стојаноска трето место во “Хип-Хоп”.

Oд “New generation” велат дека се горди на својот успех и на вкупно освоените 7 златни, 2 сребрени и еден бронзен медал.

Веќе во месец мај идната година од оваа танцова група се подготвуваат да го освојат државното првенство во “street dance” и да заминат на Светско првенство, каде ќе се сретнат со најдобрите групи во светот.

За овој огромен успех во Ниш, особено заслуга имаат тренерите Александра и Габи, како и менторот Оливер Богојевски.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.