“Taлат опколен со амадманите за НОВ ЖИВОТ” (ФОТО)

20668880_10211998720594817_1999504298_n

Собранието предмалку го изгласа ребалансот на буџетот. Во него нема прифатено ниту еден од 706-те амадмани поднесени од стана на ВМРО-ДПМНЕ, што претставува преседан во историјата на плурална Македонија.

Пред гласањето на ребалансот на буџетот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги истакнаа амадманите кои ќе значеа НОВ ЖИВОТ за граѓаните во Македонија, а претседателот на Собранието беше опколен со нив.

Со изгласувањето на овој ребаланс Прилеп, и граѓаните на пелагонискиот регион ќе останат без:

  • Реконструкција и обновување на работничкиот универзитет “Пере Тошев” во Прилеп,
  • Средства за доопремување на градската болница во Прилеп,
  • Реконструкција на старата градска чаршија,
  • Изградба на канализација во населените места Воѓани и Бела Црква,
  • Рехабилитација на регионалниот пат Прилеп-Топола-Битола,
  • Дозавршување на канализациониот систем во Мало Коњари,
  • Реконструкција на спортската сала “Македонија” во Прилеп, р
  • Реконструкција на санитарните јазли во ООУ “Гоце Делчев”,
  • Изградба на училишни сали во основните училишта “Кире Гаврилоски”, “Кочо Рацин” и “Блаже Конески” во Прилеп,
  • Изградба на обиколница околу Крушево,
  • Набавка на инвентар во градинката во ООУ “Рампо Левката”,
  • Средства за реконструкција на старскиот дом во Прилеп,
  • Изградба на крстосница кај технолошко-индустриската зона Алинци,
  • Реновирање на стариот објект во економското средно училиште “Кузман Јосифоски”-Питу,
  • Средства за дограма во гимназијата “Мирче Ацев”,
  • Изградба на нова детска градинка во близина на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

20667911_10211998720514815_1336199476_n

Овие и сите останати амадмани не наидоа на разбирање од страна на владеачкото мнозинство, а дел од нив не се ни најдоа на дневен ред, поради одолговлекувањето на амадманската расправа од страна на пратениците на СДСМ.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.