Tapчуловски: Пpeтceдател на BMPO не ce менyва по желба и нapaчка

Фејсбук статус на Јохан Тарчуловски

“Ех колку е важно и моќно тоа ВМРО ДПМНЕ. Од 1990 год сум тука и во лошо и во добро, и кога се славело и кога се тагувало. Сум бил учесник на конгреси, конвенции, избори, именувања и разрешувања но никогаш не сум одел против ВМРО. И кога се било во право и кога се грешело,сум ги кажувал грешките и сум се трудел да се поправат. Кога сите молчеле и наведнувале глава на ИК сум излегувал сам со спротивно мислење но никогаш ама баш никогаш против ВМРО.

Грешки имало во минатото има и сега,но секогаш кога било тешко се јавувала некоја група која се двоела од партијата,секогаш. Дали е по наредба, диктат или од приватни причини, не знам. Но едно знам, никој од надвор не сменил претс. на ВМРО.

Тој можеше до скоро да биде сменет само со свикување на конгрес по барање на претседателот или 2/3 од членовите на ЦК, сега е полесно, треба барање на 1/2 од членовите на ЦК и никако на друг начин. Затоа да не се лажеме и да не ги носиме членовите на партијата во заблуда, затоа што тоа му одговара само на еден човек кој сака да го уништи ВМРО ДПМНЕ.

Претседател на ВМРО не се менува по желба и нарачка. Таму каде што имаше послаби резултати ќе се видат слабостите, таму каде што треба ќе се реагира но ВМРО за кратко ќе ја покаже вистинската сила.

Нема оттстапки и нема назад до крај за ВМРО ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА!”,  напиша Тарчуловски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.