Taa може да намириса смрт и тоа е нејзино најголемо проклетство – ја чувствува во воздухот, но не може да им помогне на луѓето

Девојка од Австралија тврди дека може да ја “намириса” смртта кај луѓето, но дека нејзиниот дар е бескорисен бидејќи не може да направи ништо за да ги спаси.

Ари Кала (24) работела како адвокат во една фирма, но оваа година одлучила да даде отказ и да стане професионална гледачка.

Денеска ги подучува жените како да ги користат своите гледачки способности, пишува “Мирор”.

Таа рекла дека “шесттото сетило” го открила додека била дете. Кога имала само 12 години на својот вујко кој умирал почувствувала некој мирис, кој никој друг во семејството не го почувствувал.

“Вечерта пред тој да почине почувствував чуден мирис. Мислев дека тоа е мирис на некоја расипана храна, но подоцна сфатив дека тоа е мирисот на смртта. Оттогаш, повеќе пати го имам почувствувано истиот мирис кај луѓето кои биле во терминална фаза на болест или кај оние кои се многу стари”, рекла таа.

Кала додала дека некогаш има впечаток дека тој дар е проклетство.

“Повеќе пати сакав да им кажам на луѓето што чувствувам, но потоа сфатив дека тоа не е моја должност. Замислете да и пријдам на старица и да и кажам дека наскоро ќе умре….тоа би било катастрофа. Не треба јас да се мешам во нивната судбина”, додала Кала.

Таа верува дека секој има видовити способности, но под притисок на социјалните норми ги потиснува уште од детството.

Кала уште од дете  можела да ги чита емоциите кај луѓето, а сонувала за нешта кои според нејзините зборови, на крајот се оствариле.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.