Наближува уште една Новогодишна ноќ во која ќе ја испратиме старата 2017 и ќе ја дочекаме новата 2018 година.
Ако деновиве сте растрчани по аранжмани или сеуште се двоумите каде да ја поминете најлудата ноќ во годината, ние имаме решение за вас.
Ресторанот за свадби и свечености “La Casa Grande Exclusive” е местото каде за Нова година ќе биде најлудо и највесело.
Докажаните мајстори и главни “виновници” за стотици неверојано организирани свечености, и оваа година ќе приредат спектакл за паметење.
Тимот на “La Casa Grande” и оваа година го нуди најдоброто мени, најдобрата цена и најдобрата музичка програма во Прилеп.
За забавата ќе се погрижат преубавата Сузана Гавазова и најдобриот прилепски бенд “Балканика”.
Таа го има можеби најубавото тело на македонската музичка сцена и умешност да направи “џумбуш”, а тие се виртуози за добро избран репертоар и вистински урнебес.
Заедно во комбинација ќе приредат забава на која едноставно мора да се присуствува.
Цената за првата вечер изнесува 1.400 денари, а местата се ограничени.
Во цената добивате:
1.Аператив (Тиквешка жолта, коњак, узо, водка, џин)
2.МИКС ОД САЛАТИ
3.ЛАДНО ПРЕДЈАДЕЊЕ (печеница, врат, свинска чајна, пилешка шумка, мавровско сирење и кашкавал)
4.ДАСКА “ЛА КАСА ГРАНДЕ”
5.ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ (Свински медаљони Ла Каса Гранде, гордон блу гарнир)
6.ДЕСЕРТ ИЗНЕНАДУВАЊЕ
7.АПЕТИСАНИ (Новогодишна овошна корпа)
8.ПИЈАЛОК НЕОГРАНИЧЕН
Резервирајте навреме на тел. бр. 077 997 744
Tимот на “La Casa Grande Еxclusive” ве очекува и ви ветува незаборавно дружење!