Taнцот на началничката на paдиологиja ja крена цела земја на нозе (Видео)

Низ Србија вчера се прошири видео од русокоса жена, со истакнати атрибути која танцува на работното место. Настапот на докторката пред огледалото, кој и самата го снимила, никого не остави рамнодушен, објавија српските медиуми.

Имено, станува збор за педесетгодишна лекарка која, освен физикалната медицина, сака да се снима, дури и на работното место. Докторката облечена во краток фустан со длабоко деколте танцува пред огледало на песната „My prerogative“ од Бритни Спирс.

Во нишкиот Здравствен дом во канцеларијата на докторката музиката била гласна, а дел од јавноста го осуди ваквото снимање, велејќи дека е неумесно тоа што додека некои здравствени работници, без минута одмор, се „распаѓаат“ во ковид-болниците, таа ужива. Други, пак, велат дека има што да покаже, па нека се снима.

Видеото постојано се отстранува од социјалните медиуми, но корисниците повторно го објавуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.