Џулио Деангели, мулти-талентиран студент од Универзитетот во Пиза, работи на истражувањето за пронаоѓање на лек за невродегенеративни заболувања. На само 25 години, Деангели добил медицинска диплома, пет стипендии од Кембриџ и втора диплома по биотехнологија (summa cum laude- достигнување од највисок дострел).
“Соништата се остваруваат”, вели Деангели- Благодарение на привилегијата да се биде дел од Универзитетот во Пиза. Бев инспириран да се истакнувам. Ова е неверојатно достигнување. Јас ќе бидам во можност ја гладам мојата кариера во полето на невронауката и ќе продолжам да работам на истражувањето“.
“Џулио има многу висок научен потенцијал”, вели Паоло Манкарела, ректор на Универзитетот во Пиза. “Во Пиза ние сме среќни да им даваме шанса на младите талентирани студенти за да го достигнат својот потенцијал. Ние го негуваме нивниот интелект, бидејќи тие се луѓето кои ќе ја променат нашата земја”.
Во меѓувреме во Македонија талентираните млади луѓе се третирани поразлично. Имено, основецот Дамјан Давков од Штип го освои второто место во конкуренција на средношколци на Балканската математичка олимпијада во 2019 година, а на Државното првенство по математика беше прв, исто така во конкуренција со ученици од прва година средно образование. Тој сепак нема право на награда од државата.
„Иронијата да биде поголема, наградата не ја доби ниту второпласираниот средношколец затоа што не бил прв, а првопласираниот поради тоа што бил основец, а не средношколец. Средствата остануваат во министерството, без да се води сметка за стимулација на талентирани млади луѓе“, вели семејството Давков.