Собранието предмалку го изгласа ребалансот на буџетот. Во него нема прифатено ниту еден од 706-те амадмани поднесени од стана на ВМРО-ДПМНЕ, што претставува преседан во историјата на плурална Македонија.
Пред гласањето на ребалансот на буџетот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги истакнаа амадманите кои ќе значеа НОВ ЖИВОТ за граѓаните во Македонија, а претседателот на Собранието беше опколен со нив.
Со изгласувањето на овој ребаланс Прилеп, и граѓаните на пелагонискиот регион ќе останат без:
- Реконструкција и обновување на работничкиот универзитет “Пере Тошев” во Прилеп,
- Средства за доопремување на градската болница во Прилеп,
- Реконструкција на старата градска чаршија,
- Изградба на канализација во населените места Воѓани и Бела Црква,
- Рехабилитација на регионалниот пат Прилеп-Топола-Битола,
- Дозавршување на канализациониот систем во Мало Коњари,
- Реконструкција на спортската сала “Македонија” во Прилеп, р
- Реконструкција на санитарните јазли во ООУ “Гоце Делчев”,
- Изградба на училишни сали во основните училишта “Кире Гаврилоски”, “Кочо Рацин” и “Блаже Конески” во Прилеп,
- Изградба на обиколница околу Крушево,
- Набавка на инвентар во градинката во ООУ “Рампо Левката”,
- Средства за реконструкција на старскиот дом во Прилеп,
- Изградба на крстосница кај технолошко-индустриската зона Алинци,
- Реновирање на стариот објект во економското средно училиште “Кузман Јосифоски”-Питу,
- Средства за дограма во гимназијата “Мирче Ацев”,
- Изградба на нова детска градинка во близина на Тутунскиот комбинат во Прилеп.
Овие и сите останати амадмани не наидоа на разбирање од страна на владеачкото мнозинство, а дел од нив не се ни најдоа на дневен ред, поради одолговлекувањето на амадманската расправа од страна на пратениците на СДСМ.
А/Г/