Млад пар два пати во ист ден е пронајден во бесознание поради преголема количина на алкохол. Најстрашно е тоа што бебето било со нив. Следат вознамирувачки фотографии.
Шокантни фотографии на мајка и татко буквално обземени од алкохол снимила полицијата во Украина.
Прв пат полицијата ги пронашла во парк. Мајката (28) без свест лежела во прашината, а таткото седел со главата надолу. Бебето се наоѓало во количка до нив.
Полицијата ги одвела во станица, при што добиле усна опомена.
Истиот ден, по неколку часа, случајни минувачи пријавиле во полиција страшна сцена. Истите родители седеле на тротоарот, повторно без свест, а детето било излезено од количката и го држело таткото за стапалото.
Полицијата против овие двајца млади родители започнала истрага поради занемарување на детето.
Детето го презела социјалната служба.
А.Г.