Taнцовиот клуб “Зодијак” прослави 17 години постоење

IMG_8782

Во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп,  сношти се оддржа годишниот концерт на танц-студиото „Зодијак“.  Концертот беше по повод 17 години постоење на „Зодијак“ и одбележувањето на Интернационалниот ден на танцот – 29 април.

IMG_8765

IMG_8748

IMG_8752

IMG_8756

IMG_8758

IMG_8762

Стотина танчери на најразлична возраст се претставија со кореографии од класичниот балет, модерниот балет и современиот танц, а беше прочитана и интернационалната порака за оваа година, која ја напиша кореографот Леми Понифасио. Присутните уживаа и во промовирањето и видеоспотот за „Зодијак“ од авторот Љупчо Атанасоски.

IMG_8774

IMG_8769

IMG_8771

IMG_8772

На манифестацијата  со признанија и благодарници се закитија и Снежана Ристеска, Советник за култура и градоначалникот Марјан Ристески од општина Прилеп, кои несебично го подржуваат овој танцов клуб.

IMG_8867

IMG_8793

IMG_8796

IMG_8832

IMG_8841

IMG_8862

„Седумнаесет години и не е така мал период за креативно творење на нашето тло. Прилеп отскокнува од останатите градови по создавањето таленти и креативци кои можат на најразличен начин да ја претстават својата имагинација. Пред сѐ, со танцот како универзално средство за разбирање меѓу различните култури“ посочија организаторите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.