Tутунарите од прилепско го палат својот труд: “Ни кинат класи, откупот е ограничен, a пунктовите затвораат пред време” (Видео)

После тутунарите од долненско, денеска и тутунарите од општина Кривогаштани го изразија својот револт заради затворањето на откупните пунктови и ограничениот откуп.

Тутунарите од Кривогаштани денеска запалија дел од својот труд, бидејќи како што велат околу 40% од ланската реколта тутун сеуште не им бил откупен.

Покрај тоа тутунарите од овој регион се жалат и на кинењето во класите при проценката на тутунот, што според нив ќе биде причина за голем број тутунопроизводители да се откажуваат од производството на тутун.

Прилогот во продолжение е на Каролина Дурло за “ТВ АЛФА”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.