Tутунарите крајно револтирани! Ништо од ветувањето на СДСМ!?

19576290_10211242529913467_170463345_n

СДСМ за време на изборната кампања ветуваше повисоки субвенции за тутунарите, навремена исплата на субвенциите, зелена нафта, разни помоши од државата , и.т.н. Сето тоа во програмата “За живот”, живот кој тутунарите во Прилеп и производителите на праски, домати, краставици…. “одличнo” го почувствуваа како за аирлија.

Минатата недела министерот за земјоделство шумарство и водостопанство најави исплата на преостанатите субвениции за 2016 година за во вторникот, притоа приоритет давајќи им на тутунарите, нешто на што прилепчани чекаат месец дена залудно и покрај тоа што се знаеше дека пари во буџетот на државата за нив има.

Сепак, тутунарите не дојдоа до пари во вторникот. Исплатата започна наредниот ден, а на сметките на тутунарите ги нема повисоките субвенции кои му беа ветени, или 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета класа, суми за кои прилепчани веруваа дека ќе бидат вкалкулирани на нивните сметки, имајќи во предвид дека чекаа долго време. Всушност, така им ветуваше и нивниот сограѓанин Хари Локвенец.

Но, загрижуваат реакциите по социјалните мрежи, каде се вели дека не сите тутунари ги добиле своите заслужени средства. Навистина е нечовечки да се поигрува со маката и трудот на овие луѓе, кои на +38 степени надвор, чекаат во ред пред Тутунска Банка во Прилеп, за дел од нив на крајот да излезат со наведната глава.

19622263_10211242529953468_713897687_n

Прилепчани поминаа низ една голема голгота. Во период кога овие пари им се потребни околу почетокот на новата производствена реколта, некој од канцеларии си поигрува со нив и нечовечки гризе од нивната мака.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.