Tутунарите бараат итна средба со министерот, во спротивно следуваат нови протести од среда

Тутунарите со најава за нови протести од среда

– Договорот што се постигна во петокот, од страна на откупувачите не се почитува и не се спроведува. Освен Тутунски Комбинат Прилеп во градскиот откуп има иницијатива на благо попуштање на линијата, другите откупувачи си ја тераат истата песна. Значи се’ што е договорено испадна дека е лага, министерот го излажаа и ја лажат целата јавност. Со тоа создадоа уште поголем револт и поголем гнев кај тутунопроизводителите. Апелирам тутунарите да не го даваат родот. Ќе одиме до крај. Бараме средба утре министерот да дојде во Прилеп, да ги посетиме и другите откупувачи. Значи, утре, ако министерот не не’ удостои со средба ние денес ќе си го закажиме штрајкот да биде 48 часа законски пред започнувањето закажан, и во среда ќе ја блокираме цела Македонија, вели Игор Мирчески од ИО на Македонски тутунари.

Тутунопроизводителите бараат откупувачите да дадат гаранции за линијата на проценка на цела територија на државата да биде иста.

– Ако утре, на таа средба, ако нормално се оствари, не се дадат гаранции – откупот да се движи до крајот на откупната кампања, а не да играме топло – ладно, ден оди, ден не оди во Ивањевци, не оди во Кавадарци, или било каде… Треба да биде иста линијата на цела територија на Република Македонија, постапки не треба да има ниедно откупно место и за ниеден откупувач. Доколку не добиеме такви гаранции, в среда, нашето членство ќе ги повикаме тутунарите на протести низ цела Македонија, а имаме поддршка и од оризарите, и од лозарите, додава Мирчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.