-Напладне, во 12 часот, во нашата болница се родија три новороденчиња, од кои едното со породување во вода.
Првото е Лука, Бисера на свет дојде со методата на породување во вода, a Мина е третото новороденче. Нашата најубава соба е збогатена со уште три членови, а потоа ќе бидат сместени заедно со нивните мајки – информираат од болницата “Плодност” во Битола.