Сите сакаме да гледаме пенал рулет на некој натпревар, се додека тимот за кој навиваме не е инволвиран, бидејќи тогаш истите би биле тортура. Проблемот во пенал рулетот е што секогаш постои некој играч кој на некој начин ќе биде виновен за поразот. Во финалето на Лигата на шампионите тоа беше случај со Хуанфран, чиј промашен пенал му ја донесе 11-та титула на Реал Мадрид во најелитното европско натпреварување.
Откако го промаши четвртиот пенал во серијата, десниот бек на Атлетико Мадрид требаше да гледа како Роналдо го погодува својот удар од седум метри и како Реал Мадрид се радува на новата титула. Беше тоа ужасен момент за Хуанфран, кој играше брилијантно сите 120 минути на натпреварот.
31-годишникот потоа со солзи во очите отиде кај навивачите да им се извини. Притоа навивачите со силни овации го поздравија нивниот херој од одбраната.
Хуанфран сега им се обрати со тргоателно писмо преку Инстаграм кое гласи:
“Здраво Атлети,
Никогаш нема да го заборавам вашиот поздрав со овации кога дојдов да побарам прошка. Гледајќи ги моите солзи како се рефлектираат во лицата на илјадници Атлети, ми помага да се справам со огромната тага, која ја чувстувам во овие моменти. Исто така тука е поддршката од моите соиграчи, тренери и сите луѓе, што не прави голема фамилија.
Исто така би сакал да ви се заблагодарам што секогаш верувате во нас, и над се, што докажувате дека да се биде Атлетико е нешто многу посебно, поразлично и дека нашите срца чукаат посилно од било кои други
Пред две години, ви кажав дека ќе се вратиме во финалето, сега, ви кажувам дека Габи, нашиот капитен, ќе ја крене титулата на Лигата на шампиони, порано или подоцна, и дека сите ние ќе славиме заедно во Нептуно.
Ве сакам со сето срце! Напред АТЛЕТИ”.
A.Г.