Tри сценарија за продолжување на првенствата: Еве кога се очекува одново да се игра фудбал

Европската фудбалска федерација (УЕФА) разгледува три варијанти за продолжување на првенствата. Според „АС“, мај, јуни и септември се можни опции, но најизгледна е јуни.

Мај изгледа неверојатно за можност да заврши ширењето на коронавирус низ цела Европа, а изборот септември значи потреба од реструктуирање во следната сезона, евентуално со намалување на бројот на екипи во секоја лига, локални купови, како и со промена на форматите во европските натпреварувања.

Месецот јуни останува главната опција. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е уверен дека првенствата може да се продолжат во јуни, дури и ако натпреварите се одржат без гледачи.

Во Шпанија и Италија, каде што вирусот се појави порано, се очекува обновувањето да се случи пред јуни. Во Франција, Германија и Англија, ова ќе биде потешко да се спроведе.

УЕФА утре ќе одржи состанок во врска со новиот распоред на шампиони.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.