Трета година по ред во нашиот град во организација на Општина Прилеп и на
Форум за Авангардна Креативност, гостува ЕХО – филмскиот фестивал. ЕХО
фестивалот започна со изложба на интересни моменти од сите outdoor настани
кои се случуваат на територијата на Прилеп.
„Фотографиите кои што се изожени се дел од outdoor фестивалите кои се
одвиваат на територијата на Прилеп. Знаеме дека поднебјето на градот и
околината изобилува со еден прекрасен терен кој што го препознаваат многу
вљубеници на природата, така што овде ги имаме во текот на целата година
како што се: болдеринг, маратон во планинско трчање, велосипедизам, мото
крос натпревари, натпревари со џипови“, посочи Снежана Ристеска Советник
за култура.
Претставниците од ЕХО тимот се забалагодаија на општина Прилеп за
поканата и оваа трета година по ред ЕХО да биде гостин во градот:
„ЕХО фестивал претставува фестивал кој се одржува 8-ма година по ред во
Скопје, место каде се проектираат филмови, се држат презентации ,
работилници, изожби од outdoor спортовите: параглајдинг, скијање, екологија и
други дисциплини“, посочи Александар Зарапчиев од тимот на ЕХО.
Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ за сите вљубеници во планините и
планинските спортови во неколку градови во Македонија и годинава, на
големото платно прикажа неколку свои филмови од богатата програма.
Вечерва во киното „Мис Стон“ во Центар за култура „Марко Цепенков“, беа
прикажани слединве филмови: ТОМ – Италија, 2015, Анхел Естебан/Елена
Гоатели, 67’, „ЏОКО И ПЛАНИНАТА“ на триото Подлешанков, Каракаш и
Видановски. 5′, ГРАНИТНИ АЛПИ – Бугарија, 2016, Руслан Вакрилов, 21’, КРИС
БОНИНГТОН – ЖИВОТ И ИСКАЧУВАЊА – Италија, 2015, Виничио Стефанело,
18′ и СЛОБОДА ПОД ТОВАР – Словачка, 2016, Павол Барабш, 58’.