Tрајановски: “Ви порачам дека Вардар е како пиреј, газете го, кошкајте го тој не yмиpa” (Видео)

Фејсбук објава на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски

“Вардар е синоним за спортот во Скопје. Од самиот почеток кога го спасивме од втора лига и го превзема Град Скопје идејата ни беше да направиме од Вардар шампион.

Успесите и достигнувањата ги гледавме низ годините и сето тоа беше благодарение на приватниот партнер кој од Вардар направи препознатлив европски бренд.

Некои нови ветришта во последниве години направија се таа успешна приказна да згасне”, реагира поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски.

“Сакам да ви порачам дека Вардар е како пиреј, газете го, кошкајте го тој не умира. Ќе живее се додека не дојдат поубави времиња кога повторно ќе се врати на шампионските патеки”, порaчува Трајановски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.