TРАМП ГО ВООДУШЕВИ СВЕТОТ: Нема пари за клиниките кои вршат абортус

donald-trump-1

Американскиот Претседател Доналд Трамп ги загрижи меѓународните невладини организации.

“Гардијан” тврди дека оваа одлука ќе доведе во тешка состојба илјадници меѓународни здравствени работници.

Тие ќе мораат да одлучат дали ќе продолжат да им нудат на жените можност на избор, но по цена да останат без значајни финансиски средства.

Голем број на организации веќе објавија дека комплетната здравствена заштита која ја нудат не е целосна без услугите за абортус.

Америка е најголемиот светски донатор во глобалните здравствени институции. УСАИД донира повеќе од 3 милијарди долари годишно.

Уредникот на “Гардијан” Мартин Белан објави дури и фотографија на која Трамп и неговиот тим ја потпишуваат оваа одлука.

 

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.