Во петокот, на 12.08, во просториите на Гимназијата, се одржа свеченост на која им беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2012 – 2016.
На свеченоста кратко обраќање имаше градоначалникот Марјан Ристески кој потенцираше дека гимназијата е расадник на интелектуалци кои постигнуваат врвни резултати, секој во својата област, им честиташе на матурантите и им посака успех во понатамошното образование и живот.
Потоа присутните ги поздрави директорот на гимназијата, Кире Николоски, кој им честиташе на матурантите посочувајќи дека оваа генерација била посебна по тоа што учениците постигнале врвни резултати и освоиле многу награди на државни и меѓународни натпреварувања во различни области.
На крајот пред присутните гости, професори и свои соученици, се обратија и првенците на генерацијата, Стефан Неделкоски и Марко Маркоски по што се пристапи кон доделувањето на дипломите, радосниот чин за секој матурант.
Завршното видео, на матурантите од генерацијата 2012 – 2016