Почитувани планинари, љубители на планината.
ПСЗ „Козјак“ – Прилеп на ден 10.04.2016 недела, организира традиционален марш посветен на основоположникот на планинарството во Р. Македонија , Даре Џамбаз.
Оваа атрактивна патека е во должина од 16 км. и изобилува со културно историски споменици.
Релација : Прилеп – с.Дупјачани – Сурун-Старо македонски гробници – Горно Село- ман. св Богородица(Трескавец) – Маркови Кули – карпести гробници – ман.св Архангел Михаил – црква св. Димитрија – Амфи театар ( Варош ).
Програма :
06:30 – 07:00 – Собирање на учесниците на плоштад Александрија (пред Реклами) ,собирање на листите на учесници и разговор со водичите на организираните групи и останатите учесници.
07:00 – Тргнување од плоштад Александрија
07:30 – Пристигнување на групата во с. Дупјачани и старт на маршот.
12:00 – Пристигнување во ман. св. Богородица „Трескавец” каде е обезбеден ручек.
13:00 – Тргнување од Трескавец кон Маркови Кули и Варош.
17:00 – Затворање на маршот, доделување на благодарници за учество.
НАПОМЕНА :
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НАЈДОЦНА ДО 08.04.2016, ПОРАДИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ПОТРЕБИ!!! ИСТО ТАКА ТРЕБА ДА СЕ ПОТПОЛНИ И ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ КОЈА СЕ ПРЕДАВА ОРГИНАЛ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА МАРШОТ НА ОРГАНИЗАТОРОТ. ЛИСТАТА Е ДОСТАВЕНА ВО ПРИЛОГ.
Потребно е секој учесник да понесе прибор за јадење.
ПСЗ „Козјак“ – Прилеп обезбедува ручек за секој учесник.
https://drive.google.com/
ПРЕВОЗОТ Е ОРГАНИЗИРАН од Прилеп до с.Дупјачани по цена од 50 ден. по учесник.
Патеката е средно тешка и е маркирана.
Пријавување најкасно до 08.04.2015 Петок.
Подетални информации на :
тел. броеви
075/ 609-821 – Бојан
071/ 460-322 – Благоја