Tрагедија: Македонски адвокат утрово починал во суд додека чекал судење

Македонски адвокат утрово починал во суд, додека чекал судење.

Трагичната вест ја соопшти адвокатот Јанаки Митровски.

-Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја, напиша тој.

Митровски понатаму напиша:

„Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив. Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки( починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години. Премногу се вознемирив, и сеуште сум, вечна му слава на колегата и сочуство до семејството. П.С. Меѓу другото од овие причини сум реактивен кога нереализирани и искомплексирани бубалици со џуџест раст ми ја сатанизираат професијата, без два дена пракса. Бујрум, нека отворат канцеларија ЕДНА година, ќе правиме муабет“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.