Tрагедија во семејството Стеваноски од Прилеп: Целосно им изгоре куќата (ФОТО)

Вчера околу 20 часот на улицата “Пиринска” број 103, целосно изгоре горниот спрат од куќата на семејството Стеваноски од Прилеп.

Од пожарот е причинета голема материјална штета и за среќа нема човечки жртви.

Во моментот на пожарот во куќата била само ќерката. Таа забележала како излегува чад од дневната соба, од местото каде што се наоѓал телевизорот. Во паника веднаш им се јавила на нејзините родители и на противпожарната служба, но за жал огнот се раширил со голема брзина преку целиот спрат и целосно го опустошил. Стеваноски сега бараат помош од добронамерни луѓе, зашто велат им изгорело се што печалеле со години.

„Како што гледате и сами се е опустошено, во половина час изгоре се што имавме. Пожарот се случи синоќа околу 20 часот. Упатувам апел до сите добри луѓе да помогнат колку што можат. Сега немаме покрив над главата ќе спиеме по роднини и пријатели“, изјави Орде Стеваноски, сопственик на куќата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.