Tрагедија во бродско: Ја чистел пушката и случајно си го убил 31-годишниот пријател со кој биле на лов

Вчера (15.07.2024) полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишиле од слобода лицата: Т.Т.(63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево. Тие се сомничат дека се инволвирани во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

Според билтенот на МВР:

„Т.Т. пријавил во полициска станица дека околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, велат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.