Тодор Петров, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес на својот Фејсбук профил ги образложи последиците за можното незаконско избирање на Државната изборна комисија:
“ВЛАДАТА ЌЕ ОСТАНЕ САМО СО ДИК!
Пишува Тодор ПЕТРОВ
Владата со политичко насилство, прекршувајќи ги сите претходно постигнати договори меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, го смени мнозинството за избор на Државната изборна комисија во Изборниот законик: Од двотретинско (80) на просто мнозинство (61) од вкупниот број пратеници (120).
Ама, Владата заборава, дека во согласност со членот 120 од Уставот, Одлуката за распишување референдум ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови (80) од вкупниот број пратеници (120), а стапува во сила кога на референдум за неа ќе гласаат ЗА мнозинство (900.001) од вкупниот беој запишани избирачи (1.800.000).
Плус, нема референдум и нема промена на Уставот со цел промена на името на државата без потпис на Претседателот на Републиката на указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот Димитров-Коѕиас, како што нема ни Закон за ратификација, ниту Спогодба Димитров-Коѕиас!
Заклучок: И покрај Договорот Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, како велепредавството на Владата на државата и нацијата – НЕМА ПРОМЕНА НА ИМЕТО!
А, владата и собранието ќе одлежат доживотно во Идризово, ни Свети Џес Бејли не ги спасува!”