Како што стои на интернет апликацијата за следење на земјотреси, потресот е со јачина од 6,3, а епицентарот бил на длабочина од 2 километри.
Дел од локалните медиуми пренесуваат дека јачината на потресот е 6,2 степени.
Инаку претходно Европско медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека потресот бил со јачина од 6,9 степени по рихтер.
Дека станува збор за силен земјотрес покажуваат и видеата кои што се шират на социјалните мрежи. На истите може да се забележи јачината на истиот, како и испаничените граѓани кои од страв ги напуштиле своите домови.
После силниот земјотрес следеа уште неколку силни потреси.