TИКВЕШ не се шегува! Претставен новиот германски инвеститор, се спремаат засилувања, ќе има фан шоп во Кавадарци, играчите на подготовки во Турција (ВИДЕО)

Денес на стартот од подготовките за новата сезона, Градскиот фудбалски клуб „ТИКВЕШ 1930“ од Кавадарци го одржа првиот прес по правземањето на клубот од страна на германскиот инвеститор Осман Таш, кој заедно со Градоначалникот Митко Јанчев и Општина Кавадарци ќе го водат клубот во иднина.

Пред почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, новиот газда акцент става на модернизација на тренажниот процес, професионален пристап кон фудбалерите, со максимална посветеност и влог во младите категории, за остварување на што подобри резултати во иднина, гледајќи го клубот во европските натпреварувања.

Исто така најави отварање на голем фан-шоп во центарот на Кавадарци во соработка со навивачката група Лозари-Исток.

Претседателот на клубот Миле Масларков изрази големо задоволство што повеќемесечните преговори со новиот инвеститор завршија со договор за соработка и е оптимист дека клубот во новата сезона ќе биде стабилен прволигаш.

Новиот Директор на клубот – Емир Шабани најави нови фудбалски имиња и поголем ростер на играчи како и неколку меѓународни засилувања.

ГФК Тиквеш подготовките ги започнува денес 03.07.2025 година во 18:00 часот на Градскиот стадион во Кавадарци, а од 15 до 25 Јули заминуваат на подготовки во Турција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.