TИЕ ЌЕ ГО ДРМААТ СВЕТОТ: Ова се десетте најголеми економии, третото и петтото место ќе ве изненадат (ВИДЕО)

Судејќи според БДП, економската слика на светот во 2030 година ќе биде сосема различна. Светскиот економски форум објави податоци според кои најголема светска економија до 2030 година ќе биде Кина.

Со проектиран БДП од 38 билиони американски долари, Кина во 2030 година ќе биде водечка економска сила во светот. Во трката ќе ги следи САД со 23,5 билиони долари БДП, додека на трето место, можеби неочекувано ќе се најде Индија со БДП од 19,5 билиони.

На високата четврта позиција е Јапонија со проектиран БДП од 5,6 билиони долари, а на петто е Индонезија со 5,4 билиони.

Русија ја зазема шестата позиција, а на седмата е Германија.

Осмото место е за Бразил, деветтото за Мексико, додека Велика Британија ќе го заземе десеттото место со проектиран БДП од 3,6 билиони долари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.