Инцидентот се случил во трговскиот центар Олимпиа во центарот на градот, а германските медиуми пренесуваат дека најмалку 15 луѓе го загубиле животот во пукањето. Според зборовите на очевидци страшниот злостор се случил кога маж влегол во трговскиот центар и отворил оган во кој усмртил најмалку 15 и повредил повеќе луѓе.
Напаѓачот потоа се упатил кон железничката станица. Голем број на полицајци се наоѓаат на лице место, а околните улици се блокирани.
Според првичните проценки на полицијата се работи за терористички напад на борците на Исламска држава.
А.Г.