Продолжува граѓанската иницијатива “Будење” во Прилеп. Граѓаните веќе неколку дена масовно се потпишуваат против доселување на мигранти и изградба на стамбени згради за домување во нивниот град.
На плоштадот “Методија Андонов- Ченто” и денеска и во наредните денови, граѓаните можат да ја потпишат иницијативата од 10 до 19 часот.
Целта е една! Иницирање на референдум пред Советот на општина Прилеп и изјаснување на прилепчани за Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027, која сака да ја донесе Министерството за труд и социјална политика.
“Не сакаме градот да ни се претвори во криминално гето, сакаме нашите деца да бидат безбедни”, велат прилепчани, исплашени од помислата дека тоа што се случува низ западно-европските земји, ќе се случува и во нивниот град.
Доселувањето на мигранти ќе значи: намалување на платите и евтина работна сила, наместо трошење на пари за изградба на училишта, градинки, паркови, игралишта, ќе се трошат пари на изградба на станови и куќи за мигрантите и пари за кирии, помалку пари за пензии и социјална помош, зголемување на криминалот и небезбедни градови и менување на составот на население и сликата на градовите.