Јавноста е револтирана, откако деновиве се појави веста за осмооделенецот Дамјан Давков од Штип, кој иако е првак по математика, не може да добие награда бидејќи е осмолетка, а се натпреварувал во ранг на средношколци.
Дамјан Давков од Штип и неговиот наставник, иако се прваци во земјава на сите натпревари по математика, не успеале да ја добијат паричната награда бидејќи прописите на Министерството за образование утврдиле дека детето е во осмолетка. Иако Давков се натпреварува во конкуренција со средношколци и е најдобар, министерството сепак одлучило да не му ја даде наградата.
„Се сеќавате на штипскиот Питагора, на детето чудо? Македонска гордост што ни ги топлеше срцата со неговите подвизи. Дамјан, уште од најниските одделенија се натпреваруваше со ученици неколку генерации поголеми од него и убедливо со максимален број на поени секогаш беше прв на натпреварите по математика. Иако е осмо одделение, тој се натпреварува со средношколци и таму е убедливо прв со максимален број на поени”, пишува на ФБ страната “Штипска идила”, каде прв пат се појави веста.
Во образложението на МОН со кое Дамјан и неговиот наставник се одбиени се вели:
“Комисијата за доделување на парична награда за освоено прво место на државен натпревар на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за натпреварот, постапувајќи по горенаведеното барање, а согласно член 24 од Законот за средно образование, Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општионско, регионално и државнио ниво во средното образование, и Извештајот од Сојуз на математичари на Македонија, изврши увид во доставената документација и со Извештај од Комисијата утврди дека ученикот и наставникот не ги исполнуваат условите за доделување на парична награда, бидејќи ученикот е редовен ученик во основно образование, односно наставникот е наставник во основно образование, а натпреварите се за ученици и наставници во средно образование“, се вели во решението од Министерството за образование и наука”.
Граѓаните пак на социјалните мрежи веќе започнаа да прават споредби и се потсетија на малиот Виган Максути, кој од Министерството за култура во минатото доби субвенција за песна на УЧК.
“Овој лево зема 5.000€ за песни за учк, овој десно не може да го почастат 150€”, пишува во твитот кој привлече најголемо внимание.
Овој лево зема 5.000€ за песни за учк, овој десно не може да го почастат 150€!! pic.twitter.com/nBewVn5Kjy
— Командант Марк (@milanzng) February 4, 2021