TАЈНА РУСКА БАЗА – Протече снимка на воен објект во кој биле КРИЕНИ подморници

Неодамна е пуштена во јавност снимка на таен воен објект сместен на Крим, подземна база за подморници “Објект 825GTS”.

12121

Оваа база служела да во случај на нуклеарна војна, подморниците можат да се заштитат и да се сокријат. Напуштена е во 1993 година, а после тоа е претворена во музеј.

 Објектот се наоѓа во кримската област Балаклава и бил наменет за криење на нуклеарните подморници во бункер, за време на траењето на непријателските напади и нивно појавување после тоа и возвраќање на ударот.

Русија од 2014 година размислува за враќање на објектот во оригиналната функција.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.