Tанчер по потекло од Прилеп падна од сцената на концертот на Лејди Гага во Сиднеј (ВИДЕО)

Лејди Гага била принудена да го прекине својот концерт во Сиднеј откако еден од нејзините танчари паднал од бината поради обилниот дожд, пренесува „Билборд“.

Настапот се одвивал на отворениот стадион Акор (Accor) во Сиднеј, а дождот паѓал во текот на целиот концерт. Пред да дојде до инцидентот Гага ги изведувала нејзините хитови како „Judas“, „Poker Face“ и „Aura“.

Два часа по почнувањето на концертот, поради дождот и мократа подлога на бината, еден од танчерите паднал одбината, а пејачката веднаш го прекинала настапот.

Лејди Гага и нејзините танчари се повлекле за да најдат соодветна облека и обувки. Потоа продолжиле со настапот, со изведби на песни како „Rain On Me“, „How Bad Do You Want Me“ и „Always Remember Us This Way“.

Инаку, танчерот кој падна е Мајкл Дамески, австралиски танчар со потекло од Македонија – роден е во Сиднеј, а неговите родители потекнуваат од Прилеп. Танцувачката кариера ја почнал уште од 6-годишна возраст, кога се пријавил во австралиско шоу за танцување.
Дамески ја има и главната машка улога во спотот на Лејди Гага за песната Abracadabra.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.