Пластичните шишиња се едни од најкористените амбалажи на денешницата. Обично не ни знаеме дека можеме да си наштетиме себе си доколку одново и одново полнеме исто пластично шише со вода.
Пластичното шише може да содржи опасни хемикалии. Обратете внимание на знаците на дното од шишето. Овие нумерички знаци и скратени натписи покажуваат кои шишиња можат да се користат одново, а кои се за една употреба.
- Шишето кое е означено со број 1 и на неговото дно пишува (PET или PETE) е за една употреба. Кога ќе се изложи на воздух или високи температури, вклучувајќи сонце, ваквото шише испушта токсични субстанци кои доаѓаат во допир со водата во него.
- Избегнувајте ги и шишињата обележани со бројот 3 или 7 (PVC или PC) кои содржат отровни материи способни да допрат до вашата храна или пијалок, а преку тоа можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Шишињата направени од полиетилен (под број 2 и 4 на сликата) или полипропилен (под број 5) се погодни за повеќекратна употреба. Тие се безбедни доколку ги полнете со студена вода и ги дезинфицирате.
ПЛАСТИЧНИТЕ ШИШИЊА СЕ ПОГОДНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ НА БАКТЕРИИ
Пиењето вода од употребено пластично шише е речиси исто како да сте излижале ВЦ шоља или кучешка играчка. Бројот на бактерии во овие шишиња обично го надминуваат дозволениот лимит.
Како да се заштитите?
Измијте ги шишињата со жешка вода и сапун, винска киселина или антибактериско средство за чистење уста.
А/Г/