TРАГЕДИЈА во домот на една од најголемите ѕвезди во поранешна Југославија: Се прости од сопругот со зборови кои кинат срце

Метју Камерон, сопругот на некогашната голема југословенска ѕвезда Тајчи, ја изгуби битката со канцерот.

Со месеци наназд во јавноста беше познато дека е болен од рак на белите дробови, но и покрај сите напори да излечи, тој денес го напушти светот. Скршена од болка, Тајчи од него се опростила со зборовите:

“Метју повеќе не чувствува болка. Повеќе не е поврзан за ограничувањето на човечката егзистенција. Сега е целосно слободен. Од сега ќе собираме снага и радост од се она што тој беше и она што нам ни даде”, напиша пејачката.

Метју со месеци водеше битка со ракот. Од 5. ноември бил на интензивна нега, а Тајчи тогаш напиша дека нејзиниот сопруг се чувствува подобро.

Нејзиниот сопруг имал 47 години.

Пејачката од Загреб, која веќе долго време живее во Америка со Метју ги има трите машки деца Данте, Еван и Блејс.

Таа му била најголема поддршка во борбата со болеста. Собирала донации за негово лечење, организирала концерти, продавала книги, постери и албуми.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.