Tри пожари се заканувале да го зафатат селото Белица во Кичевско. Пожарите кои избувнале то текот на вчерашниот ден голтале се’ пред себе и опасно се заканувале да им наштетат на имотите на мештаните.
На Фејсбук страната “BELICA – БЕЛИЦА”, вчера во текот на целиот ден се објавуваа видеа за состојбата на пожарите, а според она што се вели во нив, надлежните долго време ги немало на теренот, па пожарите се заканувале да предизвикаат голема еколошка катастрофа.
Доцна синоќа околу 2 часот по полноќ на истата страна беше објавено дека надлежните служби конечно го локализирале пожарот и дека опасноста од имотите на луѓето е отстранета.
Еве што се случувало во беличкиот атар: