TРИДНЕВНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве какво време не очекува деновиве

Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.

Температурата ќе се движи од 28 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во вторник во попладневните часови ќе има зголемена облачност, а во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во среда повеќе нестабилност попладне ќе има во југозападните делови.

Најтопло се очекува да е во средината на следната работна недела.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.